Утрински Весник
Култура

„Кино за млади“ во Кинотеката

„Кино за млади“ во Кинотеката

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија во рамки на проектот „Кино за млади“.

dobivaj vesti na viber

Програмата почнува на 28 (понеделник) во 12 часот со проекција на швајцарската драма „АТЛАС“ во режија на Николо Кастели.

Кратка содржина

Алегра е млада жена полна со живот и со страст за искачување на високи планини. Таа решава да отпатува во Мароко за да го искачи врвот на планината Атлас, но нејзиното патување ненадејно завршува кога тројца нејзини пријатели ќе загинат во напад. Не можејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град. Таму ќе го запознае Арад, млад бегалец, кој ќе ѝ помогне да се соочи со реалноста, нејзините стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани.

На 29 ноември (вторник) во 12 часот ќе се прикажува италијанско-белгискиот трилер „СМЕНАТА„ во режија на Александро Тонда.

Кратка содржина

Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, упаѓаат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време, повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари пристигнуваат на местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го внесуваат во амбулантното возило, не знаејќи дека тој е еден од терористите. На пат кон болница, тие сфаќаат дека Еден носи појас со експлозив, но веќе е доцна: Еден одеднаш се буди! И покрај повредите, младиот човек ги држи како заложници заканувајќи им се дека ќе ја активира бомбата и му наредува на Адамо да продолжи да вози.

Проектот „Кино за млади“ е во организација на дистрибутерската куќа Узенгија, а се реализира со поддршка од Град Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“