Бразилската суперѕвезда Нејмар ќе ги пропушти мечевите против Швајцарија и Камерун во групната фаза на Светското првенство во Катар поради повреда на скочниот зглоб, исто како и негвиот сонародник Данило.
„Селесао“ го отворија Мундијалот со импресивна 2:0 победа над Србија со двата гола на Ришарлисон, но Нејмар го заврши мечот во 80. минута по незгониот судир со Никола Миленковиќ, по што на социјалните мрежи се појави загриженост поради неговиот отечен скочен зглоб. Дефанзивецот на Јувентус, Данило исто така го повредил скочниот зглоб, но тој го комплетираше мечот.
Според „О Глобо“, двајцата ќе ги пропуштат преостанатите два меча од груупната фаза за да можат да се опорават за супер-важните мечеви од нокаут -фазата. Бразил игра со Швајцарија во понеделник, пред мечот со Камерун в петок и во двата меча ќе биде огромен фаворит и покрај отсуството на Нејмар.
Brasileiros reagem a Neymar e Danilo fora da primeira fase
Torcedores se dividem sobre ausência do camisa 10 e temem entrada de Daniel Alves em vez de Éder Militão. Atacante e lateral só voltam caso Seleção se classifique para mata-mata #genacopaglo.bo/3tXBl3p
— ge (@geglobo) November 25, 2022