Утрински Весник
Македонија

Инцидентите влијаат на односите, но не и на работата на историската комисија, рече Ангел Димитров

Инцидентите влијаат на односите, но не и на работата на историската комисија, рече Ангел Димитров
Dik 300x250 mk

Нападот врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид е чин на омраза, изјави копредседавачпот на мешовитата историска комисија Ангел Димитров утрово во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарски прашања пред состанокот, Димитров рече дека инцидентите влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Исторската комисија, бидејќи тие се држат до својот пристап за решавање на проблемите.

За денешната и утрешната средба во Скопје, Димитров нема големи очекувања.

„Ќе разговараме за тоа што разговаравме и минатиот и предминатиот пат, а тоа значи дека досега немало напредок“, рече Димитров.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања во август усвои препораки за измени во учебниците по историја, како и препораки за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Можете да прочитате

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари