Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат

Ковачевски: Антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат

Создаваме нова економска визија за европска Македонија, заедно ја менуваме нашата татковина и ќе ја промениме, во попросперитетна и стабилна земја, почитувана дома и надвор, идна горда членка на ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“, која се одржа во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Работевме ден и ноќ, со голема посветеност и макотрпна работа да направиме антикризен пакет да ја спасиме економијата, да ги спасиме животниот стандард на граѓаните и бизнисите на компаниите. По десет месеци, резултатот е видлив. Успешно реализиравме два пакета антикризни мерки, вредни 760 милиони евра, најголеми во целиот регион“, додаде Ковачевски од вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани.

Претседателот Ковачевски истакна дека сѐ уште треба да се работи и посочи дека грижата на Владата ќе продолжи сѐ до целосно надминување на последиците од кризата.

„Македонската економија беше под сериозен притисок од светската криза и неизвесноста беше огромна во светот и не само кај нас. Не се знаеше дали ќе има храна, леб, брашно, не се знаеше дали ќе има струја, парно. Знам дека секој од вас е загрижен за тоа. Знам дека секој од вас има некаков страв секогаш кога одите на пазар да купите зеленчук, масло, месо. Знам, затоа што и јас одам и купувам производи и затоа што и јас одам да пазарувам. Минатата недела отидов на пазар и сам ги видов цените. Овие цени и овие грижи не се единствени само за нашата земја. Така е на целиот Балкан, во Европа и во САД. Можеме или заедно да ја возиме оваа бура или, не дај боже, не. Има уште многу пат до брегот, знам дека цените се сè уште превисоки, а платите се сè уште прениски. Но, ве молам да ми верувате кога ви велам дека сме на вистинскиот пат“, потенцира претседателот Ковачевски во Кочани.

Можете да прочитате

СДСМ: Ние намалувавме цени на 500 производи, а Мицкоски замрзна маржа на 73

Се ограничува бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи до 10% и во трговијата на големо и на мало

На вонредна седница Владата донесе одлука за ограничување на маржите