Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска остро го осуди најновото лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од Северна Кореја.
Во исто време, тој го повика Пјонгјанг да се воздржи од какви било понатамошни провокативни дејства, додаде портпаролот на Гутереш во изјавата, пренесе Ројтерс.
Ракетата од класата на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) достигна височина од 6.000 километри покривајќи дострел од 1.000 километри на нејзината нагорна траекторија и слета на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти,пренесе Танјуг.