Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди

Променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди
300x250 (7)

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди.

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Ss1

Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови.

Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.

В недела и в понеделник врнежи ќе има на повеќе места.

Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Состојба на патиштата – 24info.mk