MЗТ Скопје Аеродром денеска (18 часот) во Белград му гостува на ФМП во првиот натпревар од седмото коло во АБА лигата. Аеродромци ќе се обидат да стигнат до првата победа на гостински терен.
ФМП по шест одиграни кола се при самиот врв на табелата со ефект од пет победи и еден пораз.
„Ќе сториме се адекватно да се подготвиме за дуелот против ФМП кој доаѓа во еден навистина густ распоред на натпревари во кои за поголем дел од нас беа и обврските кон репрезентацијата. Противникот игра одлично, во добра форма е, но нашата цел е да дадеме се од себе и да пробаме да изненадиме. Ако Задар како гостин успеа да ја совлада Црвена Звезда, тогаш зошто и ние да не се надеваме да го совладаме ривалот од Железник“, вели Дамјан Робев.
МЗТ Скопје пред овој натпревар спогодбено го раскина договорот со центарот Еван Масквел.