Утрински Весник
Свет

Зеленски: Киев останува гарант за безбедноста на храната во светот

Зеленски: Киев останува гарант за безбедноста на храната во светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал за безбедносната и енергетската соработка со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган и го уверил дека Киев ќе остане гарант за светската безбедност на храната.

dobivaj vesti na viber

„За време на телефонскиот разговор со претседателот Ердоган, го поздравивме продолжувањето на Договорот за извоз на жито“, напиша Зеленски на Твитер.

Договорот за извоз на земјоделски производи меѓу Украина и Русија, со посредство на Турција и ОН, беше склучен на 22 јули, а вчера беше продолжен за уште 120 дена,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

САД ги запреа полетувањата по дефект во системот за контрола на летање

Авионскиот сообраќај во САД во прекин: Стопирани полетувањата низ целата земја

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта