Утрински Весник
Македонија

Приведен тетовчанец кој поседувал мини лабораторија за преработка на кокаин

Приведен тетовчанец кој поседувал мини лабораторија за преработка на кокаин

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (18 ноември), по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес во домот на 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино.

dobivaj vesti na viber

При претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри.

Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, по што ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Можете да прочитате

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес