Утрински Весник
Спорт

Злато за Илиоски на ЕП во кикбокс

Злато за Илиоски на ЕП во кикбокс

Бобан Илиоски освои златен медал на Европското првенство во кикбокс, кое се одржува во Анталија, Турција.

dobivaj vesti na viber

Во категоријата лоу-кик до 86 килограми Илиоски во борбата за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0.

На патот до златото Илиоски со по 3-0 ги победи Чехот Мартин Лоренц и Хрватот Борна Манојловиќ.
Ова е втор медал за Македонија на ЕП. Претходно, Викторија Варадинова освои бронза.

Фото/Ipon.mk

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал