Утрински Весник
Македонија

Се врши ревизија на работењето во Детска клиника

Се врши ревизија на работењето во Детска клиника
Ss2

„Во врска со објавените информации за работењето на екс директорите на Универзитетската клиника за детски болести, медицински директор проф. Аспазија Софијанова и в.д. организациониот директор Мемеди Аљадин, ја известуваме јавноста дека во тек е вонредна ревизија на досегашното работењето во различни домени меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа“, соопштија од Клиниката за детски болести.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на предметните ревизии и соодветните постапки Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции.
Воедно ја информираме јавност дека доброволното враќање од страна на екс директорката на клиниката проф. Аспазија Софијанова на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства не ја ослободува истата од одговорноста пред законот и надлежните институции“ велат од Клиниката.

Ss1

Оттаму порачуваат дека „поради необезбедената согласност за организација на работа во дежурства за 2021 и 2022 година од страна на претходното раководство, сегашниот менаџмент не беше во можност да изврши исплата за месец 10-ти 2022 година на вработените. Исплата на дежурства за вработените за 10-ти месец ќе се изврши веднаш по добивање на потребната согласност“.

„Исто така сакаме да посочиме дека платите на вработените не се намалени“ велат од Детска клиника.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор