Утрински Весник
Спорт

„Трансфермаркт“: Најскап тим е Англија, најскап играч Мбапе

„Трансфермаркт“: Најскап тим е Англија, најскап играч Мбапе

Репрезентативците на Англија збирно најмногу вредат на мундијалот во Катар. Селекциите од поранешна Југославија, Хрватска и Србија, според вредноста на фудбалерите се рангирани на 11. и 12. место. Поединечно најскап играч е Килијан Мбапе.

dobivaj vesti na viber

Според „Трансфермаркт“, фудбалерите што ќе ја претставуваат Англија на мундијалот во Катар заедно вредат 1,26 милијарда евра. Втора на листата е селекцијата на Бразил, која вреди 1,14, а трета Франција со 1,03 милијарда евра.

Следуваат Португалија (937 милиони евра), Шпанија (902), Германија (885,5), Аргентина (633,2), Холандија (587,25), Белгија (563,2) и Уругвај (449,7).

Хрватска е 11-та со 377 милиони евра, а селекцијата на Србија е 12-та највредна репрезентација на мундијалот со 359,50 милиони евра. На последното 32. место е селекцијата на Катар, која вреди 14,9 милиони евра.

Од репрезентациите што не се пласираа на СП, најскапа е Италија, чија вредност е 640,5 милиони евра.

Најскап играч на мундијалот е Французинот Килијан Мбапе. „Трансфермаркт“ проценува дека вреди 160 милиони евра.

Втор е Бразилецот Винисиус Жуниор, чија вредност е 120 милиони евра, а трет е Англичанецот Фил Фоден, кој чини 110.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари