Утрински Весник
Свет

Зеленски: Договорот за извоз на жито продолжен за 120 дена

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска најави дека иницијативата за извоз на жито од Црното Море ќе биде продолжена за уште 120 дена.

dobivaj vesti na viber

„Договорот за жито ќе биде продолжен за 120 дена. „Украина, заедно со Гутереш и Ердоган, донесе клучна одлука во глобалната борба против кризата со храна“, напиша Зеленски во објавата.

Зеленски во објава на социјалната мрежа „Твитер“ нагласи дека договорот е потпишан благодарение на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата