Утрински Весник
Спорт

Запознајте ги жените што ќе судат на Светското првенство во Катар

Запознајте ги жените што ќе судат на Светското првенство во Катар
300x250 (7)

Првпат во историјата на светските првенства во фудбал на машките натпревари на Светското првенство во Катар ќе судат жени.

dobivaj vesti na viber

Јамашита Јошими, Салима Мукансанга и Стефани Фрапарте се меѓу 36-те главни судии избрани за првенството, кое почнува на 20 ноември.

Ним ќе им се придружат и Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит, кои ќе бидат помошни судии на Светското првенство во Катар.

Јамашита Јомиши

Јапонката Јамашита Јомиши во Катар уште еднаш ќе го запише своето име во фудбалската историја. Имено, таа е првата жена што судела на натпревари во азиската Лига на шампионите и во јапонската Џеј-лига.

„На Блискиот Исток речиси и да нема жени судии, па би сакала да ја видам таа промена, Светското првенство во Катар да биде катализатор“, рече таа.

„Фактот што жените првпат судат на Светското првенство за мажи е знак за другите луѓе дека женскиот потенцијал секогаш расте и тоа е нешто што исто така силно го чувствувам“, додаде Јомиши.

Салима Мукансанга

Девојката од Руанда го носи знакот на ФИФА од 2012 година, а пред фудбалот сакала да тренира кошарка.

„Ја сакав кошарката и сакав да ја сфатам многу сериозно. Но, пристапот до кошаркарската инфраструктура беше тежок, па завршив како судија, за што исто така никогаш не зажалив“, рече таа.

Стефани Фрапар

Французинката Стефани Фрапар е првата жена што судела на натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА.

На списокот на меѓународни судии е од 2009 година.

„Тоа е силна порака од ФИФА и властите жени да судат на СП во оваа земја“, рече таа додавајќи дека се надева оти одлуката може да ги промени работите.

Неуза Бек

Бразилката Неуза Бек е судија со знакот на ФИФА од 2014 година. Таа спаѓа меѓу најискусните судии во бразилскиот фудбал.

„Јасно нагласуваме дека ни е важен квалитетот, а не полот. Се надевам дека во иднина ќе биде нешто сосема нормално кога жени ќе бидат избирани за елитни судии за важни машки натпреварувања. Тие заслужуваат да бидат на СП бидејќи постојано се на високо ниво, а тоа е важен фактор за нас“, изјави Неуза Бек.

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари