Магацин за гориво експлодираше денеска во јужна Русија, длабоко во руската територија во регионот Ориол, по напад кој најверојатно бил извршен со дрон.
Во нападот нема повредени, соопштија локалните власти.
Експлозијата, за која се верува дека е резултат на напад, се случила на околу двесте километри од украинската граница. Од почетокот на рускиот напад врз Украина, магацините за гориво и муниција на рускиот југ се цел на напади со беспилотни летала, за кои руските власти ја обвинуваат украинската војска.
Овие напади најмногу биле насочени кон објекти во близина на границата, во областите на границата со Украина, што не е случај со оваа експлозија, која се случи длабоко на територијата на Русија.
Тем временем на России опять “бавовна” 🔥
По заявлению местных властей, горит нефтебаза в селе с поэтичным названием Стальной Конь в Орловской области. Уже и виновного обнаружили – беспилотник.
Интересно, что до границы с Украиной от этого села приблизительно 200 километров. pic.twitter.com/424jl04hxd
— за правду и свободу слова🇺🇦 (@go_avenger) November 16, 2022
„ Денеска (среда) во 04:00 часот најверојатно беспилотно летало предизвика експлозија на складиште за гориво во селото Стаљна Кон. Немаше жртви“, изјави гувернерот на Ориолската област Андреј Кличков.
„ Сите спасувачки служби се на лице место“, додаде тој во изјавата објавена на Телеграм, без да именува виновник.
Експлозијата уследи по руските ракетни напади врз градови низ Украина.