Утрински Весник
Македонија

Утрово повторно дојави за бомби во скопски училишта

Евакуирани пет средни училишта во Скопје поради дојава за бомба

Утрово веднаш по почетокот на наставата повторно дојави за бомби добиле неколку средни училишта во Скопје. Наставата е прекината и учениците се евакуирани.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Ова е четврта недела со дојави за бомби во училиштата. Полицијата, по деталните проверки, утврди дека сите досегашни закани се лажни.

Можете да прочитате

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители

МВР со акција во Кисела Вода: Запленети марихуана и дигитална вага

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати