Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, пронајдени пушка и муниција

Претрес во Скопје, пронајдени пушка и муниција

На 15.11.2022 во 20.30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода М.А.(34) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка – карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Вооружен грабеж на обложувалница во струшко село

Жена пешак удрена од автомобил во скопско Влае

Лажна СМС порака од Пошта остави гостиварец без 1500 евра