Утрински Весник
Македонија

(Видео) Рашковски: Не сум криминалец, не би се убил за ништо

(Видео) Рашковски: Не сум криминалец, не би се убил за ништо

Драги Рашковски, ексгенерален секретар во Владата, во ексклузивно интервју за „А1он“ открива како од функционер стана осомничен, а потоа и обвинет во случај кој го води Ивана Трајчева, обвинителка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

dobivaj vesti na viber

„Не сум криминалец. Јас сум интелектуалец“, вели Рашковски.

Тој раскажува како документи со потпис на Мухамед Зеќири помогнале за да заврши во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, посочува дека Даниел Станев, кој исто така е обвинет, бил уценуван да каже дека му давал пари за да добие поволности, а најави и кривични пријави.

„Господинот Даниел Станчев беше 500 дена во притвор со цел под притисок да каже дека ми давал некакви средства“, додава Рашковски.

За првпат Рашковски коментира за пораките кои се читаа во судницата, а каде тој, според Обвинителството, е запишан како „Перо 078“ во еден од телефоните од каде се извадени конверзациите.

Коментирајќи една од пораките прочитани во судница во која се вели: „Гледајте утнете и да се убијам“, Рашковски коментира: „Не би се убил за ништо“.

Тој испрати и порака до Русковска, која ја повика на јавно соочување во медиум: „Не се станува голгетер кога голманот не ви е на капија. Голгетер се станува кога ќе направите акција, а од другата страна ќе имате противници кои се достојни на вас“.

Како се набавувани софтверите, кабините, камерите, но и дали фирмата „Г.Б.Ц. Системи“, сопственост на неговиот пријател и обвинет Игор Христов, профитирала од тендерите на Генералниот секретаријат. Одговара и на тоа колку се заработува од мекици, зошто обезбедувањето од МВР вршело уплати по сметки, плаќало школарини… Но и како се местат тендери.

Кој е текот на парите, како се заработени, но и како е купен плацот во Побожје, зошто неговата сопруга имала дозвола за управување на возило „vолво“ сопственост на „Г.Б.Ц. Системи“ се и дел од другите прашања на кои одговара ексфункционерот, а сега обвинет Драги Рашковски.

Го штителе ли бугарски служби? Зошто не било удобно во Владата и дали повторно би бил владин функционер? Драги Рашковски, на сите овие дилеми и повеќе, одговара во интервјуто за „А1он“.

Можете да прочитате

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

Средба Николоски- Нупнау: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“