Утрински Весник
Македонија

Спасовски: На заедничката седница со Албанија потпишавме два акта со кои нашите две држави потврдуваат поинтензивна соработка

Спасовски: На заедничката седница со Албанија потпишавме два акта со кои нашите две држави потврдуваат поинтензивна соработка

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот албански колега, Бледар Чучи, на заедничката меѓувладина седница помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, потпишаа два акта со кои двете држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, бележат одлична и успешна меѓусебна билатерална соработка која е на доста високо професионално, стратешко и оперативно ниво. Во рамки на оваа наша заедничка владина седница, денес, јас како Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија предложив 2 акти за потпишување. Првиот, Протокол помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Албанија за начинот на вршење или спроведување на заеднички гранични проверки на заедничкиот граничен премин ЌАФАСАН/QAFË THANË. Вториот, Договор меѓу Влада на Република Северна Македонија и Совет на Министри на Република Албанија за формирање на заеднички работни тимови во областа на безбедноста. Овој Договор е предложен во насока на унапредување на меѓусебната соработка, особено во борбата против организираниот криминал. Спроведувањето на еден ваков меѓународен билатерален акт ќе придонесе кон сузбивање на опасности по безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал преку безбедносното партнерство со помош на координирани активности”, изјави Спасовски.

Тој потенцираше дека, дополнително, со потпишувањето на Протоколот и Договорот, Република Северна Македонија и Република Албанија потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.

Можете да прочитате

СДСМ: Нов скандал на власта, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал