Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во напад со нож во Брисел

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во напад со нож во Брисел
Img 7972

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во напад со нож во Брисел, пишува „Брисел Тајмс“. Обвинителството покрена истрага.

dobivaj vesti na viber

Полициската патрола од зоната Брисел-Север синоќа била нападната од лице со нож. Од здобиените повреди починал полицаецот кој бил ранет во вратот.

Според информациите на различни медиуми, насилникот во моментот на нападот врз полицајците кои биле во патрола извикувал „Алаху акбар“, но оваа информација не била веднаш потврдена од јавното обвинителство.

Беше поставен периметар и започна истрага.

„ Нашите полицајци секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја осигураат безбедноста на нашите граѓани“, напиша премиерот Александре де Кроа на Твитер по нападот.

Се надевам дека повредениот полицаец ќе биде добро, изјави Де Кру.

Можете да прочитате

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј

Трамп ја испраќа Национална гарда на Калифорнија во Орегон и покрај противењето од двете држави