Утрински Весник
Свет

Летови за Њујорк и за Дубаи вратени на аеродромот во Атина, стигна предупредување од САД

(Видео) НАТО објави видео од нуклеарна вежба во Европа

Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина вечерва беше во состојба на готовност за два лета на „Емиратите“, кои летале за Њујорк и за Дубаи, откога САД издадоа предупредување за сомнителен патник.

dobivaj vesti na viber

САД издадоа предупредување поради што авионите полни со патници мораа да се вратат назад, пишува „Екатимерини“.

Летот за Дубаи требаше да тргне од Атина во 17.55 часот. Патниците нормално се качиле во авионот, вратите се затвориле, а леталото се упатило до пистата. Но, пред да заврши процесот, капетанот ги известил патниците дека мора да се врати назад поради технички проблем, пишува „Прототема“.

Кога авионот повторно стигнал на паркингот, од патниците било побарано да се симнат земајќи го со себе целиот багаж. Патниците се подложени на темелни безбедносни проверки. Ништо сомнително не е идентификувано, наведува „Екатимерини“.

Вториот лет, „ЕК 209“, за Њујорк, веќе полетал и бил над Италија кога пилотот бил известен веднаш да слета. Сепак, ниту Франција ниту Италија не дозволи авионот да слета на некој од аеродромите и така авионот се врати во Атина и слета во 21.56 часот.

Можете да прочитате

Полската полиција разби мрежи за трговија со дрога и заплени дрога во вредност од 275 милиони долари

Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт

Пратеник најден мртов во парламентот во Финска