Утрински Весник
Свет

Првиот човек на војската на САД: Русите и Украинците досега изгубија 100.000 војници

Првиот човек на војската на САД: Русите и Украинците досега изгубија 100.000 војници
Dik 300x250 mk

Повеќе од 100.000 руски војници се убиени или ранети во Украина, а украинските сили веројатно ќе претрпат слични жртви, изјави вчера претседателот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе од 100.000 руски војници беа убиени или ранети. Истото веројатно е и на украинската страна“, рече генерал Мили.

Мили, исто така, рече дека има шанса за преговори за ставање крај на војната и дека воена победа можеби не е можна ниту за Русија, ниту за Украина.

„Мора да има взаемно признавање дека воената победа веројатно во вистинска смисла на зборот не може да се постигне со воени средства и затоа мора да се свртите кон други средства“ – рече Мили, додавајќи дека „постои можност за преговори.

Коментарите на Мили дојдоа откако Русија им нареди на своите трупи да се повлечат од јужниот украински град Херсон, што е голем удар за Москва.

Но, властите во Киев реагираа претпазливо, велејќи дека руската војска веројатно нема да го напушти стратешкиот град без борба.

Можете да прочитате

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги