Утрински Весник
Спорт

САД, најмлада репрезентација на Светското првенство

САД, најмлада репрезентација на Светското првенство

Селекторот на САД  Грег Берхалтер го објави списокот на патници за Светското првенство во Катар. Американците со просек од 25 години и 175 дена ќе бидат најмладата репрезентација на Мундијалот. Девет фудбалери се помлади од 23 години: Тајлер Адамс (23), Бренден Аронсон, Серџо Дест, Дош Сарџент, Тимоти Веа (22); Хесус Фереира (21); Јунус Муса, Џовани Реина и Џо Скали (19).

dobivaj vesti na viber

Најискусни во оваа репрезентација се 29-годишниот Деандре Једлин (75 натпревари за САД) и 35-годишниот стопер на Фулам, Тим Ром.

САД се во Б-групата заедно со Англија, Велс и Иран. Првиот натпревар ќе го одиграат на 21 ноември против Велс.

Голмани: Итан Хорват (Лутон), Шон Џонсон (Њујорк Сити), Мет Тарнер (Арсенал);

Дефанзивци: Камерон Картер Викерс (Селтик), Сежињо Дест (Милан), Арон Лонг (Њујорк Ред Булс), Шек Мур (Нешвил), Тим Ром (Фулам), Ентони Робинсон (Фулам), Џо Скали (Борусија Менхенгладбах), Деандре Једлин (Интер Мајами), Вокер Цимерман (Нешвил);

Ред за врска: Брендан Аронсон (Лидс), Келин Акоста (Лос Анџелес), Тајлер Адамс (Лидс), Лука де ла Торе (Селта), Вестон Мекени (Јувентус), Јунус Муса (Валенсија), Кристијан Ролдан (Сиетл);

Напаѓачи: Хесус Фереира (Далас), Џордан Морис (Сиетл), Кристијан Пулишиќ (Челзи), Џовани Реина (Борусија Дортмунд), Џош Сарџент (Норвич), Тимоти Веа (Лил) и Хаџи Рајт (Анталија).

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија