Утрински Весник
Македонија

Господине Хилтер, му рече Арсовска на Трајко Славевски додека се расправаа за микрофонот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и претседателот на Советот на Градот се скараа за копче од микрофонот на говорницата и седницата за советнички прашања се претвори во циркус.

dobivaj vesti na viber

 

 

– Еве овој микрофон ви е на располагање, имате фотелја која е поудобна од магарешките клупи во кои седите назад, рече Славевски за микрофонот до него затоа што копчето за вклучување и исклучување од микрофонот на говорницата не му било вратено.

Данела Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата за да му се обрати на Славевски, кој, пак, ѝ го одзеде правото на збор и даде нова пауза од 15 минути затоа што го кршела деловникот.

– Господине Хилтер, не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус, недолично е. Прво го кршите Уставот, второ сте ситен криминалец и сте човек којшто краде. И не е во ред тоа што го правите. Тој микрофон е во сопственост на Град Скопје, истакна Арсовска.

Градоначалничката го обвини Славевски дека се изживува кон говорниците и кон неа.

– Како ние ќе се произнесеме. Вашиот капацитет е еднаков на нула. Согласно деловникот имаме право да избереме на кој начин ќе се изјасниме. Се изживувате. Ова е мојата куќа и мојот дом. Ова е Градот Скопје, рече Арсовска.

Потоа Славевски ја прекина седницата за советнички прашања и ја презакажа за 14 ноември во 11 часот.

Oрце Костов

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”