Утрински Весник
Македонија

Османи на тркалезна маса за промоција на конструктивниот капитал во Северна Македонија и Бугарија

Османи на тркалезна маса за промоција на конструктивниот капитал во Северна Македонија и Бугарија
Dik 300x250 mk

На маргините на својата дводневна посета на Бугарија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на тркалезна маса на тема „Промоција на конструктивниот капитал во Бугарија и Северна Македонија”, организирана од страна на Центарот за проучување на демократијата.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање пред присутните гости, Османи нагласи дека новиот геополитички контекст, предизвикан од руската инвазија на Украина и членството во НАТО, ја наметна меѓу другото и неопходноста на подигнување на свеста за изворот на директните странски инвестиции, гледано преку призма на стратешките интереси и националната безбедност. Во таа насока, корозивниот капитал не е веќе ексклузивно прашање кое ги засега само економските ресори.

Според Османи, институционализирањето на инструментите за оценување на директните странски инвестиции кои треба да ја заштитат нашата економија и држава, се вклопува со реформската агенда, како особено важен сегмент на нашето членство во ЕУ, но и како дел од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Моделот кој ќе се избере, треба да овозможи тесна соработка со ЕУ, како и нашите соседи, како Бугарија, со која споделуваме заеднички интереси и предизвици, истакна Османи.

На тркалезната маса, учествуваа и министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, но и високи претставници на бугарски владини институции на фелата како и невладин сектор од Скопје и Софија.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси