Македонскиот прволигаш Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски, и со спортскиот директор на клубот, Никола Тонев, објави клубот на официјалната веб-страница.
Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот во актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки, кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.
„ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските ‘сини’ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски, и на спортскиот директор, Никола Тонев, за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера“, се вели во соопштението од ФК Брегалница.