Утрински Весник
Свет

Џордан Бардела е наследник на Марин Ле Пен на чело на „Национален собир“

Џордан Бардела е наследник на Марин Ле Пен на чело на „Национален собир“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За првпат од формирањето на „Националниот фронт“ во 1972 година, партијата која во меѓувреме го смени името во „Национален собир“ во 2018 година, нема да ја води некој со презиме Ле Пен.

dobivaj vesti na viber

За претседател на партијата денеска беше избран Џордан Бардела (27), кој од претседателските избори минатата година ја извршуваше функцијата претседател на партијата.

Марин Ле Пен, која ја води партијата од 2011 година, кога ја презеде лидерската позиција од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, овојпат не се ни пријави на партиски избори.

Тој има намера целосно да се посвети на функцијата претседател на пратеничката група во францускиот парламент, како и на подготовките за следните претседателски избори во 2027 година.

На партиските избори Бардела освои 85 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Перпињан, Луис Алиот, освои 15 отсто.

Иако е млад, Бардела има богато политичко искуство.

Од 2015 година е регионален советник, а од 2019 година е пратеник во Европскиот парламент. Тој беше и потпретседател на неговата партија, како и нејзин портпарол.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција