Утрински Весник
Спорт

Пике џентлеменски ќе и прости на Барселона 30 милиони евра на заминување

Пике џентлеменски ќе и прости на Барселона 30 милиони евра на заминување

Жерар Пике, кој е еден од капитените ќе и прости на Барселона значителна сума, а се работи за околу 30 милиони евра. Станува збор за дел од парите кои клубот му ги должеше поради пандемијата, но и приходите од кои Пике се откажа од актуелниот договор кој трае до 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот дефанзивец на шпанската репрезентација и една од иконите на Барселона, најави дека утре ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. Пике за Барса одигра 615 натпревари, а последниот ќе го одигра против Алмерија во 13. коло од шпанското првенство.

Пред пандемијата, Пике заработуваше околу 28 милиони евра годишно и беше меѓу најплатените играчи во клубот, а меѓу првите се согласи на намалување на договорот за клубот да може нормално да функционира и да носи играчи.

Со Барселона освои осум шампионати на Шпанија, шест Суперкупа и седум Кралски купови. На меѓународна клупска сцена освои три титули – во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0