Утрински Весник
Спорт

Халанд има чуден фаворит за нов светски првак

Халанд има чуден фаворит за нов светски првак

До Светското првенство во Катар остануваат уште 16 дена. Првиот натпревар не очекува на 20 ноември, а силите ќе ги одмерат домаќинот Катар и селекцијата на Еквадор. Финалниот дуел е закажан за 20 декември, а многу репрезентации имаат за цел да стигнат до самиот крај.

dobivaj vesti na viber

Кругот на фаворити е голем, но Ерлинг Халанд ги изненади сите со изборот на својот фаворит.

Норвешкиот напаѓач смета дека репрезентацијата на Сенегал би можела да биде светски првак, што изненади многумина, но Халанд брзо даде објаснување.

„Тие се најдобриот африкански тим, имаат феноменален состав, врвни играчи и нема да биде големо изненадување ако одат до крај. Тие се фаворити за мене“, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија