Утрински Весник
Магазин

Закерберг го потврди воведувањето на Вотсап заедници

Закерберг го потврди воведувањето на Вотсап заедници

Mарк Закерберг го потврди воведувањето на Вотсап заедници (WhatsApp Communities), најнова карактеристика на апликацијата што служи како надградба на Групи (Groups).

dobivaj vesti na viber

„Денес започнуваме заедници на Вотсап. Воведуваме и анкети и видеоповици во кои можат да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни,“ напиша Закерберг на Фејсбук.

Communities се наменети за организирање повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, населба или канцеларија може да се поврзат со неколку различни разговори. Администраторите потоа можат да испраќаат пораки до сите во таа заедница. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да креираат и да учествуваат во анкети. Функцијата ќе се појави како картичка на врвот на апликацијата.

За разлика од Фејсбук-групите, Вотсап-заедниците не се јавни и не можете да ги пребарувате – сè функционира преку покани.

Можете да прочитате

Науката сѐ повеќе потврдува: Животот на Земјата потекнува од вселената; сите делови од ДНК најдени на астероид

Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

Дневен хороскоп за 10 Јули 2026 година