Утрински Весник
Свет

Борел: Договорите постигнати меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат

Борел: Договорите постигнати меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат.

dobivaj vesti na viber

„Неприфатливи се нарушувачките дејста, како палењето автомобили. Договорите во дијалогот мора да се почитуваат. Ги повикувам сите да се однесуваат со воздржаност“, напиша Борел во објавата на социјалната мрежа „Твитер“.

Високиот претставник ова го соопшти по разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти, и изјави дека со Курти разговарал и за можностите за напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Можете да прочитате

Се урна француски воен авион, eден член на екипажот загина, друг е исчезнат

Двајца убиени во напад на облакодер во Киев

Еболата се шири во Африка, инфекцијата е потврдена и во Нигерија.