Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Предлог-буџетот за следната година ќе тежи 5,3 милијарди евра

Предлог-буџетот за следната година ќе тежи 5,3 милијарди евра
300x250 opst2

Владата на денешната седница го усвои предлог буџетот за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.

dobivaj vesti na viber

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека предлог-буџетот се води според златното правило-капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит.

„Во 2023 година, планираме рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра, или за 52,3 отсто повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот понатаму. Догодина се очекува да се задржат позитивните стапки на економски раст од 2,9 отсто, додека на среден рок растот ќе забрза и од 2023-2027 година во просек ќе изнесува 4,6 проценти. Стапките на раст од 2025 година ќе забрзаат на посакуваните 5 проценти“, вели Ковачевски.

Тој дополни дека Владата останува посветена на фискалната консолидација, мерење на успешноста на политиките, раст на инвестициите, унапредување на фискалната децентрализација и постојано унапредување на фискалната транспарентност

На седницата е усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање