Утрински Весник
Култура

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ награден на четири филмски фестивали

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ награден на четири филмски фестивали

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ освои четири награди во изминатите три месеци на различни интернационални фестивали за краткометражни филмови:

dobivaj vesti na viber

Најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) – Best Original Score – на CineParis Film Festival.
Најдобар постер (дизајнер на постер Коста Лазаревски) – Best Poster – на Toronto Women Film Festival.
Најдобра актерка (Сара Климоска) – Best Actress – на Kiez Berlin Film Festival.
Најдобра актерка (Сара Климоска) – Best Actress – на Reale Film Festival.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, досега е селектиран во официјална селекција на 12 интернационални фестивали за краткометражни филмови во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија и Парагвај, а ја имаше својата интернационалната премиера на 22. издание на филмскиот фестивал во Беверли Хилс во САД на 4 јуни 2022. Пред премиерата, филмот беше селектиран и беше дел од каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови со одржана проекција во рамките на филмскиот маркет на 26 мај оваа година, како единствениот македонски краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.

„Шеќерни луѓе” исто така беше прикажан и на: Cine Paris Film Festival, Tirana International Film Festival, Ciudad del Este Independent Film Festival, Flickers’ Rhode Island International Film Festival, Festival International Signes de Nuit – Paris, Toronto Women Film Festival, Reale Film Festival и Kiez Berlin Film Festival, а во ноември ќе биде прикажан на 40-то издание на Festival Tous Courts of Aix-en-Provence и 15-то издание на Amarcort Film Festival. Во февруари 2023 ќе биде прикажан на Cambria Film Festival во Калифорнија, САД.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“