Утрински Весник
Свет

Медведев: Враќање на териториите на Украина значи распаѓање на денешна Русија, тоа е причина за употреба на нуклеарно оружје

Медведев: Земјата ќе изгори, а цементот ќе се стопи

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател и близок соработник на Владимир Путин, со своја објава на „Телеграм“, пренесуваат регионалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според него „Западот истакнува дека „не смее да и се дозволи на Русија да ја добие војната“ и дека тоа значи победа за Украина“.

„Враќањето на териториите на Украина значи распаѓање на денешна Русија, тоа е причината за употребата на нуклеарно оружје. Целта на Украина во војната веќе беше дефинирана од режимот во Киев – враќање на сите територии кои претходно и припаѓаа, односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата земја и распаѓање на денешна Русија“, вели Медведев.

Тој додава дека ова е „директна причина за примената на член 19 од Основата на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“, сугерирајќи дека Русија ќе има право да користи нуклеарно оружје во случај на враќање на окупираните територии на Украина.

„Што е тоа ако не директно предизвикување светска војна? „Значи, кој планира нуклеарен конфликт, кажете ми? Што е тоа ако не е директно предизвикување на светска војна со користење на нуклеарно оружје?“, пишува Медведев.

„Да ги наречеме работите со вистинското име. Западните земји го туркаат светот во глобална војна. А само целосната и конечна победа на Русија е гаранција против светскиот конфликт“, заклучува во објавата Медведев, пренесува Index.hr.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња