Утрински Весник
Македонија

За првпат формирано Собрание на млади на град Скопје

За првпат формирано Собрание на млади на град Скопје

За првпат во градот Скопје се основа Собрание на млади на град Скопје, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. На конститутивнa седница на Собранието на млади на Град Скопје, се обрати и градоначалничката Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на Локалниот младински совет на Град Скопје кои согласно регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.

„ Денес за првпат е формирано Собрание на млади на Град Скопје, со цел посветено да се работи на подобрување на условите за младите лица на локално ниво, а формирањето на Локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес– истакна Арсовска.

Таа по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите го потпиша решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, а Иницијативниот одбор по спроведен јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје ги избра делегатите на собранието. Во Собранието членуваат претставници од младински организации, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

Формирањето на Собрание на Собрание на млади на Град Скопје, од кое произлегува и формирање на Совет на млади на Град Скопје и Законот за младинско учество и младински политики, се реализација на мерки како дел од програмата „За модерно Скопје“.

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран