Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Грковска-Цури: ИПА проектите се важни за развојот на државата и затоа мора ефикасно да се реализираат

Грковска-Цури: ИПА проектите се важни за развојот на државата и затоа мора ефикасно да се реализираат
300x250 opst2

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со првиот човек на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, овластениот државен ревизор Адем Цури со кого разговараше за динамиката со која се имплементираат ИПА и ИПАРД фондовите во земјава и начинот како да се зголеми ефикасноста на институциите во оваа насока.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска го истакна значењето на ова тело кое ја контролира имплементацијата на фондовите од Европската Унија, но и за важноста навреме да се детектираат евентуални слабости во системот и тие да се надминат.

Државниот ревизор Цури информираше дека во последниот Извештај на Европската комисија, Ревизорското тело за ревизија на претпристапната помош има добиено висока оценка и во однос на професионалноста е лидер во регионот, поради што е определено за координатор за Методологијата за ревизија за пет држави во регионот.

Двајцата соговорници разговараа и за потребата да се зајакнат кадровските капацитети на Ревизорското тело за ревизија на ИПА, како и за потребата да се обезбеди систем на реално вреднување на стручните лица, бидејќи како држава се соочуваме со одлив на стручни и искусни кадри.

Вицепремиерката Грковска оцени дека сите институции кои работат на ИПА проекти мора да бидат целосно посветени и да ја почитуваат утврдената динамика, за нашата држава да не биде принудена да плаќа казни или да ја губи оваа значајна помош од Европската Унија.

Можете да прочитате

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ