Утрински Весник
Магазин

„Адидас“ планира да го прекине партнерството со Канје Вест

„Адидас“ планира да го прекине партнерството со Канје Вест

Германскиот производител на спортски производи Адидас АГ планира да го прекине партнерството со американскиот рапер и дизајнер Канје Вест, по налетот на навредливо однесување, објави „Блумберг њуз“ во вторникот, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

dobivaj vesti na viber

„Адидас“ може да го објави потегот уште во вторник, се додава во веста. Раперот, кој сега се вика Је, дал контроверзни изјави, вклучително и антисемитски објави на социјалните мрежи во последните недели.

„Адидас“ не одговорил на барањето на „Ројтерс“ за коментар. Ниту Канје не бил достапен за коментар.

„Адидас“ на 6 октомври соопшти дека го преиспитува своето деловно партнерство со раперот и моден дизајнер.

Можете да прочитате

Причини поради кои се зголемува шеќерот во крвта во летниот период

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања