Утрински Весник
Спорт

Реал против Лајпциг без Бензема, Модриќ и Валверде

Реал против Лајпциг без Бензема, Модриќ и Валверде

Без Карим Бензема, Лука Модриќ и Феде Валверде, Реал Мадрид, вечерва ќе гостува во Лајпциг, во претпоследното коло во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Бензема и Валверде имаат повреди, додека клубот не објави зошто Модриќ нема да биде во тимот. Веројатно 37.годишниот фудбалер доби одмор од тренерот Карло Анчелоти.

За разлика од Модриќ, Валверде се повреди во саботата, против Севилја, а Бензема има повреда на левата надколеница. Тој не играше против Севилја.

Реал, во саботата, ја победи Севилја со 3:1, првиот и третиот гол го постигнаа Модриќ и Валверде.

Реал е прв на табелата во групата Ф со десет бодови и веќе обезбеди пласман во осминафиналето, Лајпциг е втор со шест, Шахтјор има пет, а Селтик е на последното место со еден бод.

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка