Утрински Весник
Спорт

Зидан се враќа

Зидан се враќа
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан (50) потврди дека наскоро ќе се врати на тренерската работа, но освен што го потврди враќањето, не сакаше да зборува за плановите.
Зинедин Зидан е на одмор од крајот на мај 2021 година кога го напушти Реал Мадрид.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Во изјава за француските медиуми тој најави дека наскоро ќе се врати и им порача на сите да бидат трпеливи. Не сакаше целосно да ги открие своите планови.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Наскоро ќе се вратам. Имајте малку трпение. Наскоро, наскоро. Не сум далеку од нова тренерска работа”, изјави Зидан.

Се претпоставува дека Зидан би можел да стане нов селектор на француската репрезентација. Тој никогаш не криел дека е заинтересиран за клупата на националниот тим. Веројатно ќе го замени Дидие Дешамп по Светското првенство во Катар.

Да потсетиме дека Зинедин Зидан во својата тренерска кариера работеше само во Реал Мадрид. Започна во младинската екипа на Реал, а на почетокот на јануари 2016 година го презеде првиот тим.

Тој помина година и пол во својот прв мандат на клупата на шпанскиот гигант, повторно се врати во клубот во март 2019 година и остана нешто повеќе од две години.

Зизу освои 11 трофеи, од кои три во Лигата на шампионите, како и по два трофеи во Ла Лига, шпанскиот и европскиот Суперкуп и клупското првенство на ФИФА.

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори