Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни раскажа како ја запросил Амал: „Не ми веруваше“

Џорџ Клуни раскажа како ја запросил Амал: „Не ми веруваше“

Американскиот глумец Џорџ Клуни рече дека не бил задоволен како ја запросил неговата 17 години помлада сопруга Амал Клуни. Во гостувањето во емисијата The Drew Barrymore Show раскажа за моментот кога ја побарал за жена и дека целата ситуација испаднала катастрофа.

dobivaj vesti na viber

„Ја испланирав целата работа. Имав прстен во малата фиока зад неа, направив вечера. Претходно се забавуваме околу шест месеци. Амал ја отвори малата фиока и го виде дијамантскиот прстен. Ме погледна и ми рече дека изгледа како некој да го оставил таму пред неколку години. А јас бев колена“, рече Клуни кој додаде дека Амал не му верувала дека прстенот го купил за неа.

„Ѝ требаа 12 минути за да ми одговори. На крајот рече Да“, рече Клуни.

За потсетување, двајцата се во брак 8 години, но почетоците велат дека не им биле идеални.

Можете да прочитате

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција