Утрински Весник
Спорт

Арсенал киксираше на „Сент Мери“, убедливи победи на Вила и Лестер, Фулам победи во Лидс

Арсенал киксираше на „Сент Мери“, убедливи победи на Вила и Лестер, Фулам победи во Лидс

Арсенал, лидерот во Премиер лигата, не успеа да победи во Саутемптон. Покрај ремито на лидерот, во оваа рунда убедливи победи забележаа Лестер и Астон Вила, а Фулам славеше во Лидс.

dobivaj vesti na viber

Арсенал имаше предност во Саутемптон, со голот на Џака во 11.минута. Откако не успеаја да постигнат уште еден гол, казната стигна во 65.минута кога Стјуарт Армстронг го совлада Рамсдејл.

Астон Вила, го декласира Брентфорд со 4:0. Вила победи во првиот меч без менаџерот Стивен Џерард. Го декалсира Брентфорд за само 14.минути, период во кој постигнаа три гола. Двоен стрелец беше Дани Ингс.

Лестер има добар тим и прашање на време беше кога поранешните шампиони ќе почнат да играат подобро. „Лисиците“ го освоија седмиот бод во последните три меча. Варди го предводеше тимот до убедливиот триумф 4:0 во Вулверхемптон.

Варди на овој меч го постигна 100. гол во Премиер лигата.

Фулам со пресврт славеа триумф на „Елан роуд“ во Лидс. Александар Митровиќ повторно беше стрелец за Фулам. Српскиот напаѓач го постигна деветтиот гол сезонава и на второто место се израмни со Хари Кејн.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ