Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нови 44 случаи на коронавирус, починаа 3 лица

Нови 44 случаи на коронавирус, починаа 3 лица
Img 7972

В0 согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 564 теста, а регистрирани се 44 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистриран сe 81 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се 3 починати лица: од Скопје (2) и од Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години. Починати се во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во периодот од 3.10 до 18.10.2022 година.

Направени се 564 теста: ИЈЗ-60, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-41, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-11, Биотек-12, Систина-6, лабораторија Лаор-7, Синлаб-1, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-0, Никоб лаб-16, ВФВ медикал-4, Ели медика плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 304.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 281.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      162.079, Активни   208
Куманово    18.242, Активни    7
Битола      17.975, Активни    15
Прилеп      15.538, Активни    22
Тетово      14.475, Активни    3
Кавадарци   12.094, Активни    7
Велес 10.811, Активни    4
Охрид 10.319, Активни    5
Гостивар    10.277, Активни    2
Струмица    8.781, Активни     0
Штип  8.766, Активни     4
Кичево      6.075, Активни     0
Кочани      5.544, Активни     0
Струга      5.173, Активни     0
Гевгелија   4.884, Активни     0
Неготино    4.147, Активни     2
Ресен 3.029, Активни     0
Радовиш     2.836, Активни     0
Свети Николе      2.795, Активни     0
Крива Паланка     2.660, Активни     0
Делчево     2.183, Активни     0
Берово      1.875, Активни     0
Дебар 1.812, Активни     0
Валандово   1.600, Активни     0
Виница      1.478, Активни     0
Пробиштип   1.299, Активни     0
Кратово     1.132, Активни     1
Богданци    1.102, Активни     0
Крушево     1.039, Активни     1
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   800, Активни      0
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0

Можете да прочитате

Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Македонец до смрт претепан во Љубљана