Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид и Барселона ќе ги соберат сите награди на манифестацијата „Златна топка“?

Реал Мадрид и Барселона ќе ги соберат сите награди на манифестацијата „Златна топка“?

Најважните награди на вечерашната церемонија за „Златна топка“ во Париз ќе заминат во Мадрид и во Барселона, тврди добро информираната „Марка“.

dobivaj vesti na viber

„Златната топка“, највисоката индивидуална награда во светот на фудбалот, ќе ја добие Французинот Карим Бензема, играч на Реал Мадрид и предводник на тимот кој минатата сезона ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига.

За најдобар млад играч ќе биде прогласен талентот на Барселона Гави, кој ќе ја добие наградата „Рајмонд Копа“ која го носи името на легендарниот француски голгетер.

Тибо Куртоа од Реал Мадрид ќе биде прогласен за најдобар голман и ќе му припадне трофејот „Лав Јашин“ во чест на големиот руски голман.

„Златната топка“ во женска конкуренција ќе и биде доделена на фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас, тврди „Марка“.

Путељас беше прогласена за најдобра фудбалерка во Лигата на шампионите.

Доделувањето на наградите ќе се одржи вечерва на церемонија во театарот Шателе во Париз.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија