Утрински Весник
Македонија

30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 23 на вонреден технички преглед

30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 23 на вонреден технички преглед

Денес во периодот од 06.00 до 10.00 часот на целата територија на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

dobivaj vesti na viber

Oд МВР информираа дека при контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз.

Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Левица: Нема вода за Стружани – има вода за хидроцентралите на Анѓушев

ВМРО-ДПМНЕ со број 9, СДСМ со број 5 на локалните избори 2025

Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија