Утрински Весник
Спорт

Бесарт Ибраими: Убаво е пак да се носи дресот на Македонија

Бесарт Ибраими: Убаво е пак да се носи дресот на Македонија

Македонската селекција составена од фудбалери, претежно од домашниот шампионат, ги започна подготовките за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 22. октомври во Абу Даби.

dobivaj vesti na viber

Еден од најискусните во овој состав, Бесарт Ибраими, вели дека секогаш е убаво чувството кога се настапува во дресот на македонската репрезентација.

„Убаво е чувството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија. Нѐ очекува силен предизвик. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе бидат мотивирани за победа и зголемување на самодовребата пред почетокот на Светскиот шампионат. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал“, изјави Ибраими.

Денешниот прв тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработија сите повикани фудбалери со исклучок на Дарко Велковски. Нашиот интернационалец од Ал Етифак во Абу Даби ќе му се приклучи на тимот.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи