Утрински Весник
Спорт

Рубљов „владее“ во Хихон

Рубљов „владее“ во Хихон

Рускиот тениски ас, Андреј Рубљов ја освои својата четврта титула во 2022 и вкупно 12. во кариерата, откако без мака со 6:2/6:3 го совлада Америкнецот Себастијан Корда во финалето на Хихон опен.

dobivaj vesti na viber

Во интересен меч, првиот носител Рубљов играше агресивно, постигнувајќи 29 директни победнички топки за три брејка и во исто време направи само четири неизнудени грешки во мечот од 77 минути. Со ова, 24-годишниот Рубљов си ги зголеми шансите за пласман на АТП финалето, откако е шести во АТП трката до Торино.

На патот до титулата, Рубљов во Шпанија ги совлада Иља Ивашка, Томи Пол и Доминик Тим. Тој оваа година триумфираше и во Марсеј, Дубаи и во Белград. 22-годишниот Корда, пак, одеше на својата втора титула во кариерата по титулата од Парма од 2021 година.

Можете да прочитате

Просечната карта за финалето на Мундијалот чини 10.000 евра, а најскапата е колку еден стан

Битка за бронза, престиж и Златна копачка, Франција и Англија во утешното финале на Светското првенство

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари