Утрински Весник
Македонија

Со 13 нови садници во Чаир одбележани 13 години дипломатски односи со Косово

Со 13 нови садници во Чаир одбележани 13 години дипломатски односи со Косово

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, во паркот Чаир засадија 13 дрва по повод одбележувањето на 13 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

dobivaj vesti na viber

Заблагодарувајќи му се на амбасадорот Ќехаја за иницијативата, Османи истакна дека настанот на симболичен начин ги отсликува одличните добрососедски односи и традиционалното пријателство меѓу двете држави.

„Често повторувам дека Приштина и Скопје се и буквално најблиските главни градови на Балканот, симболизирајќи ги со тоа исклучително блиските односи меѓу Северна Македонија и Косово, но и блиските врски меѓу нашите граѓани“, нагласи Османи.

Истовремено, потенцира Османи, оваа иницијатива е добра прилика за да се стави фокус на зелената агенда кој е еден од приоритетите на надворешна политика на земјава.

„Сме постигнале високо ниво на односите со Северна Македонија -одлична соработка, која во периодот што следи, убеден сум, ќе се зајакне уште повеќе” – нагласи амбасадорот Ќехаја и се заблагодари за поддршката во интегративниот процес и членството на Косово во меѓународните организации.

Можете да прочитате

Мицкоски: Политички глодари се ситат на здравствената состојба на Лукровски

Градежен работник тешко повреден при пад од објект

„Данокополи“ – ЛДП со нова игра која ја прикажува македонската реалност