Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Денвер ги победија Вориорс, дебакл на Лејкерси во Сакраменто

Денвер ги победија Вориорс, дебакл на Лејкерси во Сакраменто
300x250 opst2

Денвер Нагетс славеа победа во дуелот со Голден стејт Вориорс, Далас Маверикс победија на гостувањето кај Јута Џез, а ЛА Лејкерс доживеаја вистински дебакл во Сакраменто.

dobivaj vesti na viber

На три дена до официјалниот почеток на сезоната во НБА лигата, беа одиграни неколку интересни контролни натпревари.

Денвер Нагетс ги победија Голден стејт Вориорс со 119:112. Никола Јокиќ се врати во тимот, откако 10 дена отсуствуваше поради повреда на раката. Го предводеше тимот со 21 поен.

Кај Вориорс, прв пат по инцидентот на теренот беа Дрејмонд Грин и Џордан Пул. Двајцата функционираа беспрекорно како ништо да не се случило.

Далас Маверикс со 115:101 ја совладаа Јута Џез. Лука Дончиќ постигна 24 поени за Далас. Кај Јута се истакна Финецот, Лаури Марканен со 21 поен и 10 скока.

Сакраменто Кингс ги декласираа Лејекрси со 47 поени разлика. Натпреварот заврши со резултат 133:86.

Поради прблеми со струјата, додека се играа натпреварите не работеше официјалниот сајт на НБА, поради што нема подетална статистика од овие натпревари.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг