Утрински Весник
Спорт

Враќањето на Лукаку ќе се одвива забавено

Враќањето на Лукаку ќе се одвива забавено

Враќањето на Ромелу Лукаку на терените е одложено. Напаѓачот на Интер денеска ги мина медицинските тестови по што стана јасно дека нема да може да продолжи со тренинзи. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови на почетокот на следната недела и Симоне Инзаги се надева дека Белгиецот ќе биде подготвен за натпреварот против Фиорентина на 22 октомври.

dobivaj vesti na viber

Лукаку се врати во Интер ова лето и добро ја почна сезоната. Сепак, потоа заработи повреда на мускулот што го мачеше околу шест недели. Тој веќе пропушти десет натпревари на „неаѕурите“.

Напаѓачот се надева дека ќе може да одигра неколку натпревари во Серија А за да може да влезе во ритам пред Светското првенство во Катар.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал