Утрински Весник
Свет

Маск: Само ја следам препораката да оде*ам

Маск: Само ја следам препораката да оде*ам

Сателитите кои SpaceX, компанијата на Илон Маск, ги испрати во Украина се од голема помош за одбранбените сили во комуникацијата. Уредите „Старлинк“ им овозможија да останат во контакт бидејќи вообичаените телефонски и интернет-мрежи беа уништени за време на војната.

dobivaj vesti na viber

Сепак, помошта на SpaceX би можела да заврши, дознава Си-ен-ен. Минатата недела Илон Маск на „Твитер“ објави дека операцијата го чинела SpaceX 80 милиони долари, а до крајот на годината сумата ќе надмине 100 милиони долари. Си-ен-ен пишува дека дошле до документи во кои затоа SpaceX бара Пентагон да го преземе финансирањето на сателитите „Старлинк“ во Украина.

Маск сè уште официјално не објавил сè. Но, тој се огласи на „Твитер“ и навести дека горенаведените информации се точни.

Имено, на оваа тема на „Твитер“ пишуваше Џејсон Џеј Смарт, дописник на „Киев пост“.

„’Старлинк’ на Маск вели дека повеќе не можат да им даваат бесплатни услуги на Украинците и побараа од Пентагон да плати. ‘Старлинк’ го смени текот на војната. Ова доаѓа неколку дена откако украинскиот амбасадор Андриј Мелник му рече на Маск да oде*е“, напиша Џеј Смарт.

„Ние само ја следиме неговата препорака“, напиша Маск во коментар.

Маск пред десетина дена објави анкета на „Твитер“ во која го предложи својот план за мир во Украина. Тој предложи Крим да ѝ припадне на Русија, а во окупираните региони да се одржат референдуми, кои ќе бидат набљудувани од ОН. Тој предлог на Маск предизвика гнев кај многу Украинци, а Маск беше критикуван и од Зеленски.

На почетокот на оваа недела странските медиуми објавија дека Маск разговарал со Путин, но Маск тоа го демантираше.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство